• четврток, 04 декември 2025

Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор

Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Од утре до 11 април во официјална посета на Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседател на Државниот збор на Словенија, поради што во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. сст/аа/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан