• вторник, 25 март 2025

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Македонија-Велс

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Македонија-Велс

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Поради одржување на меѓународниот квалификациски фудбалски натпревар меѓу Македонија и Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај. 

- СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 20:45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираат од МВР.

Од полицијата апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. сст/бак/

Фото МИА архива 

Остани поврзан