• понеделник, 23 декември 2024

„Порше“ е на берзата

„Порше“ е на берзата

Париз, 29 септември 2022 (МИА) - Производителот на спортски автомобили „Порше“ од денеска е на берза со иницијална јавна понуда (ИПО), вредна околу 75 милијарди евра, со којашто се надева дека ќе дојде до околу 19,5 милијарди евра свеж капитал. Според тоа, пазарната капитализација се проценува речиси на ниво на „Фолксваген“, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и соперниците како „Ферари“.

ИПО на „Порше“ е меѓу најголемите во Европа и е втора по големина во Германија, по излегувањто на „Дојче телеком“ на берзата во 1996 година. Цената на акција на „Порше“ на отворањето вредеше 84 евра, што е блиску до опсегот од 76,5 до 82,5 евра што фирмата го објави овој месец. Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од Глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари беа собрани во ИПО.  си/зш/

Остани поврзан