• сабота, 09 ноември 2024

Портпаролот на израелската армија рече дека напад од Иран ќе има последици

Портпаролот на израелската армија рече дека напад од Иран ќе има последици

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) – Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии.

Неговата изјава дојде веднаш откако висок функционер во Белата куќа предупреди дека Иран се подготвува да изврши балистички ракетен напад врз Израел.

Хагари рече дека израелските системи за противвоздушна одбрана се целосно подготвени за каков било напад од Иран, но засега не е идентификувана закана. јт/

Остани поврзан