• сабота, 18 мај 2024

Порто одби да го продаде Еванилсон на Манчестер јунајтед за 65 милиони евра

Порто одби да го продаде Еванилсон на Манчестер јунајтед за 65 милиони евра
Порто, 21 јуни 2022 (МИА) – Раководството на португалскиот фудбалски шампион Порто одби да го продаде напаѓачот Еванилсон на Манчестер јунајтед, Тамошните медиуми објавија информација дека Порто ја одбил понудата на „црвените ѓаволи“ тешка 60 милиони евра, со можни бонуси од пет милиони евра. Се известува дека Порто сака да добие околу 80 милиони евра за 22-годишниот Бразилец. Манчестер јунајтед очекува да ја продолжи борбата за играчот и има намера да достави нова понуда во блиска иднина. Во сезоната 2021/22, Еванилсон постигна 21 гол и пет асистенции на 45 натпревари за Порто. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 22 милиони евра. зс/

Остани поврзан