• сабота, 23 ноември 2024

Поранешниот шеф на кинеската дипломатија сменет поради наводна вонбрачна афера

Поранешниот шеф на кинеската дипломатија сменет поради наводна вонбрачна афера

Пекинг, 19 септември 2023 (МИА) - Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, сменет од таа функција во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во Соединетите држави, објави Волстрит џурнал.

Чин соработувал во истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.

На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД.

Чин беше сменет во јули од страна на ветеранот, дипломат Ванг Ји како министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата. мс/

Остани поврзан