• петок, 22 ноември 2024

Поранешен руски командант уапсен под сомнение за „измама од големи размери“

Поранешен руски командант уапсен под сомнение за „измама од големи размери“

Москва, 21 мај 2024 (МИА) - Поранешниот командант на 58-та руска армија, Иван Попов, е уапсен под сомнение за „измама од големи размери“, јавија руските државни медиуми.

На генерал-мајор Попов му е одреден притвор од страна на Воен суд.

Лани Попов изјави дека бил отпуштен откако на воениот врв му ја кажал вистината за тогашната исклучително лоша ситуација во која се наоѓаат војниците на линијата на фронтот во Украина.

Попов, чиј воен прекар беше Спартак и кој командуваше со руските единици во јужна Украина, како главен проблем го истакна загинувањето на руски војници како резултат на украинската артилерија.

Тој посочи дека на војниците им недостасува соодветно оружје и извидувачки системи што ќе им овозможат да се спротивстават. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан