• недела, 14 јули 2024

Пораки на дел од лидерите во светот за инцидентот во кој е повреден поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Пораки на дел од лидерите во светот за инцидентот во кој е повреден поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) – Меѓународни лидери објавија на социјалните мрежи пораки со поддршка откако поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден денеска на митинг во Пенсилванија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Сара и јас сме шокирани од очигледниот напад врз претседателот Трамп. Се молиме за негова безбедност“.

Претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро де Зелаја: „Насилството генерира повеќе насилство. Жал ми е за она што се случува во изборниот процес во САД. Мојата солидарност со @realDonaldTrump“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан: „Моите мисли и молитви се со претседателот @realDonaldTrump во овие темни часови“. зш/

Остани поврзан