• четврток, 16 мај 2024

Порази на Работнички и Феникс во квалификациите за ФИБА Евро купот

Порази на Работнички и Феникс во квалификациите за ФИБА Евро купот

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) – Македонските претставници во квалификациите за ФИБА Евро купот вечерва забележаа порази.

Прво Феникс со убедливи 107:60 загуби од домаќинот Керавнос на турнирот во Кипар, а доцна вечерва Работнички во СРЦ „Кале“ во Скопје во драматична завршница е поразен од Сабах (Азербејџан) со 83:81. 

По овие порази, Феникс остана само со теоретски шанси за освојување на првото место во Е-групата, додека за Работнички нема ни теорија да ги помини квалификациите.

 

Табела Е-група: Керавнос 1-0 (победи-порази), Рошток (0-0), Феникс (0-1).

Табела А-група: Рапид Букурешт (2-0), Сабах (2-0), Гронинген (0-2), Работнички (0-2). 

 

Во последното коло на турнирот во Скопје, Работнички в четврток ќе се сретне со Гронинген, додека во Никозија, Феникс утре ќе игра со Рошток. зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан