Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Гостивар - Стража
- Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал.

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал.
Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 12.30 часот. сст/бак/
Фото: МИА архива