Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Делчево - Пехчево
- Поради сообраќајна несреќа денеска, од 11:25 часот, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево во двата правца.

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа денеска, од 11:25 часот, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево во двата правца.
Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/дма/
Фото: МИА архива