• вторник, 30 април 2024

Поради недостиг на медицински персонал финските деца ќе се лекуваат во странство

Поради недостиг на медицински персонал финските деца ќе се лекуваат во странство

Хелсинки, 11 април 2023 (МИА) – Поради недостиг на медицински сестри на одделението за интензивна нега во Нова детска болница во Хелсинки, се предлага децата на операција да се испратат во Данска или во Шведска, објави „Еуроактив“.

Одобрувањето за префрлање на пациентите од финската болница во Копенхаген или Гетеборг треба да го одобрат родителите.

За операција во Нова детска болница сега чекаат околу 85 пациенти, додека минатата година нивниот број изнесувал 117.

Финските власти презедоа мерки за подобрување на ситуацијата, а една од мерките е и зголемување на буџетот за обука на медицинските сестри на интензивна нега за оваа и следната година. За таа намена предвидени се еден милион евра. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан