• понеделник, 20 мај 2024

Поради магла намалена видливост на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија

Поради магла намалена видливост на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија, соопштуваат утрово од ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан