• четврток, 04 декември 2025

Поради дефект неколку улици во Скопје без вода

Поради дефект неколку улици во Скопје без вода

Скопје, 1 ноември 2025 (МИА) - Корисниците на неколку улици во Скопје денеска ќе бидат без вода поради дефект на затварач (шибер) Ф150мм.на улица Индира Ганди 101Б.

Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Гвадалахара“, „Јури Розентал“, „Метохиска“ и „Нов Живот“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан