• петок, 05 декември 2025

Поради дефект на далновод без струја делови на Охрид и неколку села во Дебрца

Поради дефект на далновод без струја делови на Охрид и неколку села во Дебрца

Охрид, 3 октомври 2025 (МИА) – Делови на Охрид и населени места во Дебрца се без напојување со струја поради дефект на системот за снабдување со електрична енергија. Прекини во електроснабдувањето имаше и во текот на ноќта и рано изутринава.

Според информациите од ЕВН, екипи на претпријатието се на терен и работат на нормализација во снабдувањето со електрична енергија.

-Се работи за дефект на 110-киловолтен далековод. Прекин во снабдувањето со електрична енергија има во делови од градот, меѓу нив улиците „Будва“, „Железничка“, „Марко Цепенков“, Косел и околината вклучувајќи ги и дебрчките села Мешеишта, Песочани, Градиште… Се уште се работи на дефектот, екипите се на терен веќе четири часа. Во делови од градот снабдувањето со електрична енергија е нормализирано, посочуваат од ЕВН. аб/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан