Поради дефект денеска без вода дел од корисниците од Радишани
- Поради дефект во шахта на ул.„1559“ бб во село Радишани прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „1559“ бб и дел од ниска зона од Радишани.

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Поради дефект во шахта на ул.„1559“ бб во село Радишани прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „1559“ бб и дел од ниска зона од Радишани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 14:00 часот до завршување на санацијата на дефектот. сст/