• вторник, 20 август 2024

Поради дефекти, делови од Скопје без вода

Поради дефекти, делови од Скопје без вода

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Поради неколку дефекти, делови од скопската територија утрово се без вода за пиење, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето им е прекинато на корисниците од улиците „Љуботенски пат“, дел од „Баница“ од број 1 до број 23, како и од село Морани.

Засегнатите ќе бидат без вода за пиење, сѐ до завршување на работните активности. бд/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан