• петок, 13 јуни 2025

Од попладне нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h

Од попладне нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h

Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР.

Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер.

Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање. аа/бак/

Фото: УХМР

Остани поврзан