• понеделник, 18 ноември 2024

Попладне посебен режим на сообраќај во Скопје

Попладне посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека од 15 до 17 часот, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, поради одржување протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, појаснува Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи - Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан