• петок, 05 декември 2025

Кривични пријави против две лица од Делчево осомничени за приложување лажни сертификати за познавање на англиски јазик

Кривични пријави против две лица од Делчево осомничени за приложување лажни сертификати за познавање на англиски јазик

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица.

- Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани, се наведува во соопштението од МВР. цр/ац/

Фото: МИА архива
 
 

Остани поврзан