• петок, 05 декември 2025

Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол

Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол

Букурешт, 30 мај 2025 (МИА) – Големите поплави, предизвикани од обилни врнежи, кои ја погодија Романија вчера се закануваат да го уништат рудникот за сол Праид, кој се смета за еден од најголемите резервоари на сол во Европа.

Станува збор за најлошите поплави во последните 30 години, и поради тоа властите го затворија рудникот во централниот романски округ Харгита, бидејќи надојдениот поток во близина поплави дел од рудникот.

Рудникот Праид е омилен меѓу туристите поради неговите спектакуларни галерии во кои се наоѓа авантуристички парк и капела исклесана во сол, а поплавите се закануваат да ја уништат егзистенцијата на луѓето во градот Праид, кој зависи од туризмот, соопштија локалните власти. јт/

Фото: salinapraid.ro

Остани поврзан