• петок, 05 декември 2025

Полуфинале за македонската тенисерка Ѓорческа на турнирот во Србија

Полуфинале за македонската тенисерка Ѓорческа на турнирот во Србија

Куршумлијска Бања, 15.август 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Таа ја победи Аурора Ѕантедески од Италија во четвртфиналето препуштајќи и само пет гема - 2:0 во сетови (6:4 и 6:1) за 80 минути.

Ѓорческа поведе со 4:1 во гемови, но ривалката успеа да изедначи на 4:4. Сепак до крајот на сетот македонската тенисерка ги доби двата гема, а девттиот беше решавачки и најдолг бидејќи по 10 одиграни поени македонската тенисерка поведе со 5:4, а сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Ѓорческа имаше доминација и по водството од 3:0 во гемови, сетот го заврши со 6:1.

Во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра против победничката од мечот Ралука Шербан од Кипар и Селена Јаничијевиќ од Франција.  мн/

Остани поврзан