• петок, 22 ноември 2024

Полската влада ќе обезбеди до 5,4 милијарди евра помош за поплавите

Полската влада ќе обезбеди до 5,4 милијарди евра помош за поплавите

Варшава, 24 септември 2024 (МИА) - Полска ќе обезбеди речиси 5,4 милијарди евра за итна помош во врска со поплавите, како и за активности за обнова, објави полскиот премиер Доналд Туск.

Полската влада денеска заседава за да одобри посебен закон за поплави, со кој ќе се изменат и неколку десетици други закони со кои, меѓу другото, се регулира помошта на кредитокорисниците, поедноставените процедури за издавање решенија за обновување на поплавените подрачја или дополнителна јавна помош.

За време на средбата, Туск спомена дека специјалниот закон содржи „неколку страници промени“ кои ги подобруваат постоечките одредби.

-Во однос на обемот на помошта за поплавите и во однос на планот на кој работиме, во моментов проценуваме дека, вклучувајќи ги и фондовите на ЕУ, ќе можеме да обезбедиме до 5,39 милијарди евра, рече Туск, нагласувајќи дека нема да биде неопходно да се потроши целата сума одеднаш. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан