• понеделник, 20 мај 2024

Полицијата ја продолжува потрагата за исчезнатото девојче во Скопје

Полицијата ја продолжува потрагата за исчезнатото девојче во Скопје

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Продолжува интензивно потрагата по малолетното девојче кое исчезна вчера во утринските часови во Скопје, информираат денеска од МВР за МИА. 

Мајката на 14-годишната В.Ѓ вчера изутрина во 8:35 часот пријавила во полиција дека девојчето исчезнало, по што започна потрагата по неа. Таа исто така информацијата ја сподели и на социјалните мрежи.

МВР доцна синоќа соопшти дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В.Ѓ, и повика да не се шират дезинформации посочувајќи дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.

- За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР. вг/ев/

 

Остани поврзан