Полицијата приведе 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
- Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.
Велес, 29 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.
Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/дма/
Фото:МИА архива