Полицијата изврши претрес во четири куќи во Антверпен во рамки на можна антитерористичка истрага
- Полицијата ги евакуирала жителите на четирите куќи и го блокирала реонот околу нив, а во акцијата биле вклучени и припадници на службата за деактивирање експлозивни направи и полициски кучиња трагачи.
Брисел, 9 октомври 2025 (МИА) - Белгиската полиција по налог на Федералното јавно обвинителство на Белгија денеска изврши претрес во четири куќи во Антверпен.
Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, полицијата ги евакуирала жителите на четирите куќи и го блокирала реонот околу нив, а во акцијата биле вклучени и припадници на службата за деактивирање експлозивни направи и полициски кучиња трагачи.
Според полициски извори, акцијата била спроведена откако се појавил „безбедносен ризик за време на истрага на Федералното обвинителство“.
ВРТ посочува дека истрагата ја води истражен судија од Антверпен специјализиран за случаи поврзани со тероризам, па од таму постои сомнеж дека станува збор за антитерористичка акција.
Засега нема повеќе детали за случајот. сп/
Фото: МИА Архива