• петок, 05 јули 2024

Покетино и Алегри главни кандидати да го заменат Тухел во ПСЖ

Покетино и Алегри главни кандидати да го заменат Тухел во ПСЖ
Париз, 20 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел во скоро време може биде сменет поради незадоволителни резултати. Според „ЕСПН“, главни кандидати за наследник на Германецот на тренерското место во францускиот клуб се Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино. Двајцата фудбалски стручњаци се без ангажман од 2019 година. Забележано е дека Тухел е под силен притисок во пресрет на денешниот натпревар со Лил кој во моментов е второпласиран во Лига 1. ПСЖ е на третото место, а лидер е Лион, кој има натпревар повеќе. На меѓународната сцена, ПСЖ обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите, каде што ќе се сретне со Барселона. зс/

Остани поврзан