• сабота, 18 мај 2024

Познат составот на САД за претстојниот Мундобаскет

Познат составот на САД за претстојниот Мундобаскет

Вашингтон, 3 јули 2023 (МИА) – Инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски го обелодени составот на кошаркарската репрезентација на САД за претстојното Светско првенство.

 

Американците на Мундобаскет 2023 ќе настапат во следниот состав: Тајрис Халибартон (Индијана), Џејлен Брунсон (Њујорк), Остин Ривс (Лејкерс), Ентони Едвардс (Минесота), Паоло Банкеро (Орландо), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Микел Бриџис, Кам Џонсон (двајцата Бруклин), Џош Харт (Њу Јорк), Џерен Џексон (Мемфис), Боби Портис (Милвоки) и Вокер Кеслер (Јута).

 

Тимот на САД моментално е на второто место на рангирањето на ФИБА, зад Шпанија. На третото место е селекцијата на Австралија (740,2).

 

Светското првенство ќе се одржи од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипини. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан