• четврток, 21 ноември 2024

Пожар избувна во канцеларијата на гувернерот во главниот град на Кенија за време на протестите

Пожар избувна во канцеларијата на гувернерот во главниот град на Кенија за време на протестите

Најроби, 25 јуни 2024 (МИА) - Пожар избувна попладнево во канцеларијата на гувернерот во главниот град на Кенија, Најроби, јавија локалните медиуми прикажувајќи ТВ инсерти, додека демонстрантите незадоволни поради предложените зголемувања на даноците го пробија блискиот парламентарен комплекс, кој исто така делумно е опожарен.

Инсерти емитувани на приватната Ситизен ТВ покажуваат дека полицијата се обидува да го изгасне пожарот во Градското собрание со водени топови, откако протестите станаа насилни.

Групите за човекови права ја обвинија полицијата дека користела боева муниција при што има загинати и ранети.

Голем прекин има кај провајдерите што нудат интернет во Кенија, соопшти глобалниот веб-монитор NetBlocks.

-Податоците од мрежата во живо покажуваат големо нарушување на интернет-поврзувањето во Кенија. Инцидентот се случува во време на смртоносна акција на полицијата врз демонстрантите, еден ден откако властите тврдеа дека нема да има исклучување на интернетот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан