• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

Kопенхаген, 16 април 2024 (МИА) - Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан