• четврток, 02 мај 2024

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Неготино, 23 април 2024 (МИА) -  Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино. 

- Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари. 

- Огинот е изгаснат, едно возило и двајца пожарникари остануваат да ја следат ситуацијата уште некое време, истакна командирот  на Противпожарната единица Стојче Атанасов. свд/лв/

 

 

Остани поврзан