• среда, 03 јули 2024

Пожар во куќа во центарот на Штип

Пожар во куќа во центарот на Штип

Штип, 25 мај 2024 (МИА) - Пожар избувна утринава во куќа која се наоѓа во централното градско подрачје, спроти зградата на Стопанска банка во Штип  Според првичните информации причинета е материјална шетета, а повредени лица нема.

Очевидците велат дека од пожарната бргу реагирале и веднаш пристигнале на местото. Жителите во куќата веднаш излегле од неа, а според првичните изформаци, прво почнало да гори во задниот дел на куќата.

-Во куќата била бабата со внука, но излезени се на време. Нема повредени, потврдија очевидци.

Од Територијалната противпожарна единица соопштија дека добиле повик во 03:30 часот и веднаш се упатиле кон местото со едно возило и четири пожарникари. Пожарникарите побарале помош при гаснење на пожарот, па се дополнила екипата со уште три возила и пет пожарникари. Нема повредени, причинета е материјална штета, велат од штипската пожарна.

Во моментот има дежурна екипа која е на терен во случај да не избувне друго жариште. Пожарникарите велат дека причината за пожарот е непозната.вдј/бт/

Фото: МИА 

Остани поврзан