• вторник, 16 јули 2024

Пожарникари од Кавадарци заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција

Пожарникари од Кавадарци заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција
Кавадарци, 8 февруари 2023 (МИА) - Девет пожарникари од Кавадарци ги прават последните подготовки и во најскоро време заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција. Оваа информација ја потврди за МИА Александар Чадамов, командир на кавадаречката  Територијална противпожарна единица. 
 
- Заминуваме со две моторни возила и неопходна опрема. Обучени сме да помагаме во вакви ситуации. Според првичните најави, таму треба да останеме десетина дена. Но, ќе бидеме таму додека има потреба од наша помош, рече Чадамов, апелирајќи да помогнат сите, во рамките на своите можности. свд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан