• петок, 22 ноември 2024

Подољак: Украина не планира да ја нападне Русија со американски ракети

Подољак: Украина не планира да ја нападне Русија со американски ракети
Киев, 3 јуни 2022 (МИА) - Украина не планира да користи ракетни системи што ги доби од САД за да напаѓа цели во Русија, изјави претседателскиот советник Михајло Подољак. „Украина води одбранбена војна и не планира да користи МЛРС за да ги нападне објектите во Русија. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје“, напиша Подољак на Твитер. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата изјави дека Украина им ветила на САД дека нема да користи напредни американски ракетни системи за напад на руска територија. „Украинците ни дадоа гаранции дека нема да ги користат овие системи за цели на руска територија. Постои силна доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу другите сојузници и партнери, рече Блинкен. Американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати прецизни ракетни системи со долг дострел во Украина како дел од пакетот воена помош од 700 милиони долари. паг/  

Остани поврзан