• петок, 26 април 2024

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори до ДИК

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори до ДИК

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024.

Како што соопштија од ДИК, листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај доставиле:

1.СДСМ( Kоалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

2.ВМРО- ДПМНЕ ( Коалиција Твоја Македонија) - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

3. ЗНАМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

4.РОДИНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

5.АВАЈА - за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

6.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

7.ТВОЈА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4

8.ГРОМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

9.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

10. ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

11.ДЕМОКРАТИ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

12.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

13.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 6

14.Коалиција ВЛЕН - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

15. ЛЕВИЦА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

16. ДЕСНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

17.НОВА АЛТЕРНАТИВА - за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4.

- ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон. Државната изборна комисија проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 ст. 2, 3 и 4 од Изборниот закон, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции, се наведува во соопштението. дма/ев/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан