• четврток, 21 ноември 2024

Подигнат степенот на безбедност во Република Српска

Подигнат степенот на безбедност во Република Српска

Бања Лука, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги зголеми безбедносните мерки на подрачјето на овој дел од Босна и Херцеговина, особено на јавните места, по денешниот терористички напад на амбасадата на Израел во Белград, при што беше тешко повреден припадник на жандармеријата на МВР Србија.

Од МВР истакнаа дека состојбата на безбедност на подрачјето на ентитетот е задоволителна и дека граѓаните немаат причина за загриженост, но апелираат да пријават секое сомнително однесување во нивната околина. Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Синиша Кара и директорот на полицијата, Синиша Кострешевиќ, се во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, и со првите луѓе на полицијата на Србија.

Иако нема непосредна закана од сличен напад во Република Српска, наложен е сет на превентивни мерки и интензивирана соработка со другите полициски агенции во смисла на размена на оперативни информации, се вели во соопштението на МВР, пренесе Н1. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан