• петок, 27 септември 2024

Подигнати 60 тони отпад од диви депонии во Скопје за време на викендот

Подигнати 60 тони отпад од диви депонии во Скопје за време на викендот

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека во изминатите два месаца се соочува со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Екипите на претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии - вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје.са/

Фото: ЈП Комунална хигиена - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан