• вторник, 22 октомври 2024

Подигнати 30 метри кубни непрописно одложен отпад во Бутел и Аеродром

Подигнати 30 метри кубни непрописно одложен отпад во Бутел и Аеродром

22 октомври 2024

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 30  кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром.

Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска. 

Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан