• петок, 21 февруари 2025

Поддржуваме се што оди во прилог на мир и заштита на интегритетот и границите на Украина, вели Меџити

Поддржуваме се што оди во прилог на мир и заштита на интегритетот и границите на Украина, вели Меџити

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Ние како чинители сме мала држава, но јасно сме ја осудиле руската агресија и се што оди во прилог на мир и да се заштитат интегритетот и границите на Украина ние го поддржуваме, кажа првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити прашан за позицијата на државата во однос на преговорите за мировно решение за агресијата во Украина и дали се согласува ЕУ да биде на маса бидејќи разговори се најавуваат само меѓу САД и Русија. 

Тој го повтори истиот одговор во однос на ставот на дел од аналитичарите дека при евентуална промена на границите во Украина ќе порасне иредентизмот на Балканот. 

-Потенцирам, јасно и гласно укажавме дека сме против руската агресија, Украина треба да остане ваква како што е и сите треба да придонесеме за поскоро да има мир таму и да нема жртви, како што имаше досега, вели Меџити, пред обраќањето на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“. вг/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан