• недела, 21 јули 2024

Погба: Незадоволен сум од последните пет години од мојата кариера, сакам трофеи - со Манчестер или друг клуб

Погба: Незадоволен сум од последните пет години од мојата кариера, сакам трофеи - со Манчестер или друг клуб
Манчестер, 23 март 2022 (МИА) - Пол Погба не негира дека игра подобро за француската репрезентација отколку за Манчестер јунајтед. - Се согласувам со ова. Вистина е. Во француската репрезентација играм постојано, а системот на игра е различен од оној во клубот. Па, во репрезентацијата пред се играм на мојата позиција. Тука ја знам мојата улога, ја чувствувам довербата на тренерот и партнерите. Нормално е да се чувствуваат овие разлики во споредба со Манчестер јунајтед, бидејќи е тешко да се остане стабилен кога вашата позиција, стилот на игра на тимот и партнерите постојано се менуваат. Имам многу добри односи со селекторот Дидие Дешамп, тој ми даде улога во тим кој ми е познат. Дали имам улога во Манчестер јунајтед? Си го поставувам ова прашање и не го знам одговорот. Сакам да продолжам да победувам и да напредувам. Би сакал да ги вратам оние години во кои не освоив трофеи. Морам да бидам искрен, не сум задоволен од последните пет години. И оваа година нема да освоиме ништо. Сакам да освојувам титули - со Манчестер јунајтед или друг клуб, изјави играчот од средниот ред на Јунајтед. Договорот на Погба со премиерлигашот истекува на крајот од оваа сезона и тој ќе стане слободен играч. зс/

Остани поврзан