• недела, 07 декември 2025

Повторно ќе има офталмолошки интервенции во Клиничка болница Тетово

Повторно ќе има офталмолошки интервенции во Клиничка болница Тетово

Тетово, 31 јули 2025 (МИА) - Клиничка болница Тетово информираше дека повторно ќе може да се изведуваат офталмолошките интервенции откако имаше пауза за поправка на дефект на еден од апаратите. Воедно информираат дека пациентите ќе бидат повикувани според редослед на чекање.

-По пауза од неколку месеци, поради поправка на дефектот на апаратот за факоемулзификација, набавка на нов микроскоп и обезбедување на потребните материјали за привремени интервенции за катаракта (перде), денес офталмолошката сала повторно започна со работа и доби нова живост, соопшти Клиничка болница Тетово на својата интернет страница.

Од таму со молба до пациентите за трпение, бидејќи ќе бидат повикувани за интервенција според редоследот на чекање.ас/лв

фото Клиничка болница Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан