• четврток, 04 декември 2025

Повредени 32 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина

Повредени 32 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина

Атина, 4 јули 2025 (МИА) – Вкупно 32 лица се повредени откако, од засега непознати причини, се судрија два автобуси на атинскиот градскиот превоз во јужното приморско предградие на Атина, Вула, а од повредените тројца се во посериозна состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Несреќата се случила во близина на автобуска станица, автобусите се движеле еден зад друг, а голем дел од патниците биле млади лица кои оделе на плажа, со оглед на тоа што конкретните линии сообраќаат до плажите во областа Атика.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис за грчката телевизија „Скај“ рече дека никој од повредените не е во животна опасност. ср/

Остани поврзан