Повеќе од 250 илјади потрошувачи без струја по руските напади во Киев
- Во Киев и регионот, повеќе од 250 илјади потрошувачи останаа без електрична енергија по масовните руски ракетни напади утринава, објавија украинските медиуми.

Киев, 2 јануари 2024 (МИА) - Во Киев и регионот, повеќе од 250 илјади потрошувачи останаа без електрична енергија по масовните руски ракетни напади утринава, објавија украинските медиуми.
Оштетена е мрежата на компанијата и мрежите на регионалните енергетски компании.
Министерството за енергетика на Украина соопшти дека се оштетени трафостаници во регионот на Киев и високонапонски водови.
Утрово Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, а цел беа и Киев и Харков. мс/
фото: ЕПА