• четврток, 13 јуни 2024

Повеќе од 200 ракети истрелани од Либан, откако Израел уби командант на Хезболах

Повеќе од 200 ракети истрелани од Либан, откако Израел уби командант на Хезболах

Бејрут, 13 јуни 2024 (МИА) - Стотици ракети беа истрелани синоќа од либанска територија кон северен Израел, неколку часа откако во израелски воздушни напади беше убиен командант на либанското шиитско движење Хезболах.

Израелската војска соопшти дека биле откриени околу 215 гранати, од кои некои биле соборени, но други предизвикале пожари на неколку локации.

Хезболах вети дека ќе ги интензивира своите напади по смртта на 55-годишниот Талеб Сами Абдулах, најстариот член на групата убиен од почетокот на борбите пред осум месеци.

Хезболах, сојузник на палестинското движење Хамас, поддржан од Иран, неодамна почна да напаѓа подлабоко во израелската територија со пософистицирани оружја, додека израелската авијација исто така бомбардира цели длабоко во Либан.

Шиитското движење најави дека ќе ги прекине непријателствата против Израел само доколку дојде до прекин на огнот во Газа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан