• недела, 26 јануари 2025

Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште без струја во Северна Ирска поради бурата Еовин

Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште без струја во Северна Ирска поради бурата Еовин

Белфаст, 26 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште се без струја во Северна Ирска по бурата Еовин, објави денеска Блумберг.

Премиерката на Северна Ирска, Мишел О'Нил изјави дека енергетските компании работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија што е можно поскоро, но дека големата штета предизвикана од невремето ја отежнува работата.

Ирската компанија за дистрибуција на електрична енергија вчера соопшти дека 625.000 домаќинства и бизниси во земјата останале без струја поради последиците од невремето, додека поправките ќе траат неколку дена. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан