Повеќе од два милиони прашања се испратени на директната линија за поставување прашања на Путин
- На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот „Русија 24“.

Москва, 19 декември 2024 (МИА) - На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот „Русија 24“.
Според податоците на телевизијата, утринава до 9 часот по московско време, на телефонската линија се пристигнати 2.003.165 прашања, а приемот на прашања ќе продолжи до крајот на традиционалната телевизиска прес-конференција.
Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува денеска напладне по московско времe. мс/
фото: МИА архива