• недела, 22 декември 2024

Поведена истрага за двајца жители на Париз за поврзаност со убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел 

Поведена истрага за двајца жители на Париз за поврзаност со убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел 

Брисел, 23 октомври 2023 (МИА) – Двајца жители на Парискиот регион се изведени на распит пред истражен судија во Париз, поради сомнеж за „веројатна поврзаност“ со извршителот на нападот во Брисел минатиот понеделник вечерта, при што беа убиени двајца шведски државјани, објави белгиската државна телевизија РТБФ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според телевизијата, истражниот судија треба да одлучи по барањето на француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) за покренување на обвинение за „злосторничко терористичко здружување“, како и за одредување притвор на осомничените. 

Според ПНАТ, истрагата треба „да ја разјасни врската“ меѓу двајцата осомничени и напаѓачот од Брисел, 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ласуед, кој беше убиен од страна на бриселската полиција при обидот за негово апсење во вторникот утринските часови. 

Ден по нападот во Брисел, француските власти отворија истрага околу поврзаноста на лица од Франција со Ласуед. По ова, во четвртокот, според соопштението на ПНАТ, биле приведени четири лица во регионот на Париз и во северозападна Франција поради „веројатна поврзаност со извршителот на нападот“ во Брисел. Двајца од нив денеска беа изведени пред истражен судија, додека другите двајца беа ослободени од притвор. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан