• недела, 05 мај 2024

Победа на ЖКК „Патриот 2016“ над „Спорт Тим“ во женската Прва Б лига

Победа на ЖКК „Патриот 2016“ над „Спорт Тим“ во женската Прва Б лига

Делчево, 20 март 2024 (МИА) - Кошаркарките на „Патриот 2016“ вечерва во Делчево остварија нова победа во Првата Б Лига. Со резултат 54:38 домашните кошаркарки беа подобри од екипата на Спорт Тим од Неготино.

Тренерот на екипата пд Делчево, Љупчо Петровски по завршувањето на натпреварот ѝ честиташе на гостинската екипа за фер плеј играта и изрази задоволство од прикажаната игра на своите кошаркарки.

- Во текот на целиот натпревар имавме водство и не дозволивме неготинчанки да нѐ загрозат во тој поглед. На овој натпревар поголема минутажа им дадовме на помладите кошаркарки кои ја оправдаа довербата и во отуство на неколку првотимки, а носени на крилата на искусната Ина Рашова го задржаа водството до крај, рече Петровски.

Со новата победа делчевки се враќаат на втората позиција во Првата Б Лига.

Покрај натпреварот во Првата Б Лига, денес во спортската сака ,,Методи Митевски - Брицо" во Делчево се одигра и натпревар во М12 лигата во машка конкуренција во која со 57:55 КК „Патриот“ го совлада тимот на „Спортисимо“, а во моментот во тек е и натпреварот во М-18 во женска конкуренција помеѓу кошаркарките на КК  „Патриот 2016“ и КК „Куманово“. вс/ар/
Фото:МИА

 

Остани поврзан