• понеделник, 17 јуни 2024

ПМФЛ: Познат распоредот за завршните 13 кола

ПМФЛ: Познат распоредот за завршните 13 кола

 

Скопје, 6 март 2024 (МИА) – По одигрувањето на денешните натпревари од 22 коло познат е распоредот за завршните 13 рунди во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Третиот дел од сезоната ќе стартува на 10 март со натпреварите од 23 коло во кое ќе играат Струга – Брера, Шкупи – Работнички, Шкендија – Воска, Гостивар – Вардар, Тиквеш – Брегалница и Силекс – Македонија ЃП.

По денешното коло нов лидер на табелата е актуелниот шампион Струга со 45 бодови, еден повеќе од Шкупи на второто место.

Пресметката меѓу двете првопласирани екипи ќе биде во завршното 33 коло кое е на програмата на 19 мај. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан