ПМФЛ: Вардар го совлада Пелистер во Битола
- Фудбалерите на Вардар се вратија на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 12 коло.
Битола, 5 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерите на Вардар се вратија на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 12 коло.
Вардар на дербито на стадионот „Петар Милошевски“ дојде во водство со голот на Мато во 54 минута, а победата на „црвено – црните“ им ја донесе Закариќ од пенал во 82 минута, откако претходно Петковски донесе израмнување на резултатот во 60 минута.
Претходно денеска, АП Брера и Силекс ремизираа 3-3 во Струмица.
Резултати – 12 коло:
Пелистер – Вардар 1-2
АП Брера – Силекс 3-3
Македонија ЃП – Струга 0-2 (вторник)
Работнички – Тиквеш 0-2 (вторник)
Арсими – Башкими 4-2 (понеделник)
Табела: Вардар 30, Струга 29, Шкендија 24 (-1), Силекс 22, Башкими 19, АП Брера 16, Арсими 15, Македонија ЃП 14, Тиквеш 12, Пелистер 8, Работнички 7, Шкупи 1 (-1).ег
ФОТО: ФФМ